Готов за 60 минути: Брз интегрален леб

Готов за 60 минути: Брз интегрален леб

Направете интегрален леб готов за еден час.

Состојки:

  • 500 гр. интегрално брашно
  • 500 мл. топла вода
  • 1 лажица сув квасец
  • 1,5 лажички сол

Подготовка:

  1. Се става во сад брашното со сол.
  2. Се прави вдлабнатина и се става квасецот со еден децилитар топла вода.
  3. Кога ќе се запени малку, се мешаат сите состојки и остатокот од водата.
  4. Тестото е меко и лесно се меси.
  5. Се мачка калап или плех со маргарин и се става тестото, па се остава 30 минути да нарасне.
  6. Се загрева рерната на 250 степени и се пече лебот половина час.
  7. Се замотува во крпа додека е топол и потоа се сече.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб