Од гибаница никогаш доста: Направете ја највкусната за кратко време

Од гибаница никогаш доста: Направете ја највкусната за кратко време

Од гибаница никогаш доста, направете ја највкусната.

Состојки:

  • 500 гр. кори
  • 125 гр. маргарин
  • 1 шолја масло
  • 250 гр. сирење
  • 400 гр. кисело млеко
  • 4 јајца
  • 1 шолја кисела вода
  • 1 шолја млеко

Подготовка:

  1. Се цеди киселото млеко со газа. Се меша со ронетото сирење.
  2. Се растопува маргаринот и се меша со масло, се редат корите во плех за печење, така што на секоја кора се става од загреаната маснотија, а на секоја трета кора се става смеса со сирење.
  3. Се сече гибаницата на квадрати и се става остатокот од маргаринот со масло и изматено млеко со јајца со кисела вода.
  4. Се пече на 200 степени додека не порумени.
  5. Кога ќе се извади се прска малку со кисела вода.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

 

 

singlepost_text