Фантастична бајадера торта (Видео рецепт)

Фантастична бајадера торта (Видео рецепт)

Вкусен десерт кој брзо се прави…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици ореви
  • 3 лажици брашно
  • 100 гр чоколадо
  • 3 пудинга од ванила
  • 200 гр путер или маргарин
  • 300 гр шлаг
  • 100 гр шеќер во прав
  • 750 мл млеко
  • 200 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете 5 јајца со шеќер, додајте мелени ореви и брашно и добро измешајте. Ставете во четвртаст плех кој сте го обложиле со хартија за печење. 
  2. Печете на 200 степени 20 минути. Кога ќе се излади поделете на два дела. Згответе пудинг со млеко и изладете го со непрекинато мешање. 
  3. Путерот разматете го со шеќер во прав, па додајте го во пудингот и изедначете во пенаста крема. Поделете на два дела. Во еден додајте екстрат од кајсии или каков што имате, а во другиот дел додајте растопено чоколадо. 
  4. На првата кора намачкајте го прво светлиот фил, па поклопете со друга кора, преку неа премачкајте го темниот дел, потоа кора, па светлиот дел. 
  5. Украсете со разматен шлаг или слатка павлака. Изрендајте малку чоколадо преку шлагот. Оставете добро да се излади и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула