Туби со ореви – стојат со денови

Туби со ореви – стојат со денови

Направете вкусни тубички со ореви, превкусни се и ќе ги снема веднаш од маса.

Состојки:

  • 100 мл. топла вода
  • 1 кесе кваец
  • 500 гр. брашно
  • ½ лажички сол
  • 250 гр. свинска маст
  • 1 лимон кора
  • 120 мл. слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 жолчки
  • 1 јајце

Состојки:

  • 250 гр. мелени ореви
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон
  • 100 гр. шеќер
  • 2 белки

Подготовка:

  1. Се прави прво тесто со тоа што квасецот се топи во вода, па кога ќе се направи пена се додаваат сите состојки за тесто и се меси тесто кое не лепи.
  2. Се дели на 4 дела и се замотува секој во фолија.
  3. Се остава преку ноќ или минимум 2 часа во ладилник.
  4. Се мати снег од белки и се ставаат сите останати состојки за фил, па се меша и се прави цврст фил.
  5. Се развлекува тестото и се сече на мали коцки, па се става фил на секоја коцка и се замотуваат како ролнички.
  6. Така се прави со сите теста.
  7. Се редат на плех со хартија и се премачкуваат со белки, па се печат на 180 степени 15 минути.
  8. Се става горе шеќер во прав по избор. Може да си декорирате по избор.
  9. Чувајте ги во кутија со капак.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири