Солени стапчиња со маслинки и пармезан

Солени стапчиња со маслинки и пармезан

Вкусни солени грицки…

Состојки:

  • 1 пакување замрзнато лиснато тесто
  • 1 јајце
  • зачин
  • 60 гр рендан пармезан
  • 1 рака исечкани маслинки

Начин на подготовка:

  1. Листот лиснато тесто развлечете го на побрашнета даска на дебелина од 0,5 см. Разматете јајце и додајте зачин па со половина од количината премачкајте ја површината на тестото. Посипете со половина од количината пармезан и исечкани маслинки. 
  2. Со оштар нож исечкајте стапчиња со ширина од 2 см и со должина од околу 10 см и спирално свиткајте ги. Ставете ги во побрашнет плех. Повторете ја истата постапка и со втората половина од тестото. Печете во рерна загреана на околу 210 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт