Ролат во обланда со суво овошје – готов за 15 минути (Видео)

Ролат во обланда со суво овошје – готов за 15 минути (Видео)

Вкусен и декоративен ролат од суво овошје, се подготвува за 15 минути.

Состојки:

  • 1 лист обланда
  • 100 гр суви смокви
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр суви сливи
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 мл вода
  • 50 гр маргарин
  • 3-5 лажици шеќер
  • 1 лажица арома ванила

Начин на подготовка:

  1. Обландата ставете ја помеѓу мокри крпи да отстои и да омекне. За тоа време исечкајте овошје, сомелете ореви и бисквити. 
  2. Згответе вода со маргарин, шеќер и арома. Со врелиот сируп залијте ги иситнете ги состојките, измешајте и веднаш премачкајте преку обландите. Замотајте и оставете да стегне па исечкајте и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта