Кубанки – пециво кое ќе трчате да го направите пак, 62 од една смеса

Кубанки – пециво кое ќе трчате да го направите пак, 62 од една смеса

Направете вкусно и топло пециво со име Кубанки, веднаш ќе ги снема од трпеза.

Состојки:

  • 1 кг. пченично брашно
  • 4 дл. масло
  • 5 дл. млеко
  • 1 квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажички сол
  • 150 гр. шунка
  • 2 жолчки
  • сусам и ким

Подготовка:

  1. Во топлото млеко се става квасец со шеќер и се чека да нарасне, па се додава брашно со сол и масло и се меси тесто.
  2. Се вадат топчиња од тестото и се ставаат на маса, се оставаат 15 минути да нараснат.
  3. Се развлекуваат и се става малку салама па ги замотуваме.
  4. Се прави вака со сите топчиња, се редат во плех со хартија и се премачкуваат со жолчките, па се става сусам и ким.
  5. Се печат на 180 степени на загреана рерна додека не поруменат, околу 20 минути.
  6. Се добиваат околу 62 од една смеса.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб