Кифли за 10 минути, сите ќе ви бараат рецепт

Кифли за 10 минути, сите ќе ви бараат рецепт

Преубаво печиво кое им успева на сите!

Состојки:

  • 750 гр брашно
  • 150 гр путер
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 2 лажички сол
  • 1/2 л млеко
  • 50 гр свеж квасец
  • 1 јајце
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Згответе го млекото измешано со шеќер во прав и путер. Потоа во таа смеса разматете свеж квасец. Додајте сол и брашно и замесете глатко тесто. 
  2. Од тестото обликувајте 20 јуфки и секоја тенко расечете ја и свиткајте ја во облик на кифли. 
  3. Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Потоа прекријте го плехот со кујнска крпа и оставете да стои 1 час на собна температура. 
  4. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени и пред печење секоја кифла премачкајте ја со разматено јајце со малку сол. Кифлите печете ги 8 минути на 250 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

singlepost_text