Стар рецепт за совршен кох со јаболка

Стар рецепт за совршен кох со јаболка

Подгответе кох со јаболка по стар српски рецепт…

Состојки:

  • 5 јаболка
  • 7 јајца
  • 14 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 л млеко
  • џем од кајсии

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги јаболката, излупете ги и исечете ги на коцки. Кратко згответе ги па ставете ги на дно на плех во кој ќе го печете колачот. 
  2. Разматете 7 жолчки, 10 лажици шеќер, додајте 6 лажици брашно. Оваа смеса згответе ја со 1 л млеко со мешање. Прелијте ја оваа смеса преку јаболката. 
  3. Од 7 белки направете шам, додајте 4 лажици шеќер и 6 лажички џем од кајсии. Првата смеса прелијте ја преку претходната. Печете во рерна 20 минути на 180 степени.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта