Празнични медењаци: Овие колачиња традиционално ги прават децата за Дедо Мраз

Празнични медењаци: Овие колачиња традиционално ги прават децата за Дедо Мраз

Ако сакате да подготвувате колачиња со вашите деца, овој рецепт е идеален за вас.

Состојки:

  • 200-250 гр брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 гр шеќер
  • малку цимет
  • малку каранфилче
  • 2 лажици мед
  • 100 гр путер или маргарин
  • 1 јајце

Состојки за шарање:

  • 1/2 белка
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Разматете путер со шеќер. Додајте јајце па повторно разматете. Додајте брашно со прашок за печиво, цимет, мелено каранфилче и мед. 
  2. Замесете меко тесто. Можете да го оставите во фрижидер половина час за подобро да можете да го растегнете. Се развлекува на дебелина од половина сантиметар и вадете калапи. Наредете во плех во кој сте ставиле хартија за печење. Печете на 200 степени околу 10 минути. 
  3. Кога ќе се изладат можете да ги нашарате. 
  4. За смесата за шарање разматете белка, па додајте шеќер во прав и сок од лимон. Смесата мора да биде густа. Можете да ја поделите и да додадете боја или шарките можат да бидат само бели.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед