Пикантно топло јадење кое лечи мамурлак: Кисела бела пилешка чорба

Пикантно топло јадење кое лечи мамурлак: Кисела бела пилешка чорба

Топла бела пилешка чорба, ќе ве згрее и ќе ви помогне да ги пребродите овие зимски денови.

Состојки:

  • 1 пиле 1 – 1,5 кг
  • 1 голема главица кромид
  • 2-3 моркови
  • целер
  • 2 ловорови листови
  • 1/2 шолја ориз
  • 2 лимони
  • 3-4 жолчки
  • 150-200 мл павлака
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабок лонец ставете го пилето и налијте 4-5 л вода. Посолете и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и тргнете ја пената која се прави. 
  2. Откако ќе ја отстраните пената додајте сечкан морков, ловор и целер, па оставете да се готви. Кога пилето ќе се зготви со зеленчукот извадете го пилето па отстранете ги коските и кожата, иситнете го месото и вратете го во лонец. 
  3. Кога ќе го додавате месото додајте и ориз. 
  4. После 15 минути готвење, измешајте сок од лимон со жолчки, добро разматете па додајте павлака и добро соединете. Полека ставете ја таа смеса во лонецот со мешање. 
  5. Посолете и побиберете по вкус. Додајте магдонос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт