Мека како пена, а се прави за миг: Полнета пита со сирење

Мека како пена, а се прави за миг: Полнета пита со сирење

Неверојатно мека, а се прави за миг!

Оваа солена пита се превиткува во облик на коверт, а во неа можете да додадете и виршли, мелено месо, сирење или смесата која најмногу одговара на вашиот вкус.

Состојки:

  • 4 готови кори
  • 250 гр сирење
  • магдонос
  • 2 јајца
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици кисело млеко
  • 1 чаша масло
  • 1 жолчка
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Во чинија измешајте јајца, млеко, кисело млеко и масло. Раширете една кора и премачкајте ја со оваа мешавина. На неа ставете друга кора и премачкајте ја. 
  2. Свиткајте по две спротивни страни и премачкајте со смеса од јајца и масло. На средина кон секој од четирите агли ставајте фил од сирење, а потоа аглите превиткајте ги за да добиете облик на коверт. 
  3. Редете ги ковертите во намастена тепсија, премачкајте со жолчка и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 180 степени додека убаво не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт