Здрав колач: Слатки залаци во кои ќе уживате

Здрав колач: Слатки залаци во кои ќе уживате

Вистинска комбинација на вкусни, а здрави состојки.

Состојки:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1 шолја ‘ржано брашно
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 шолја мелени ореви
  • 100 гр кокосово брашно
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 шолја мелени бадеми
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете овесни снегулки, брашно и мелени ореви и бадеми. Направете вдлабнатини и во нив ставете разматени јајца, шеќер, кисело млеко, кокос и маслиново масло. Сè измешајте и ако кашата е премногу густа, додајте малку вода. 
  2. Смесата распоредете ја преку лесно намастен и со брашно посипен плех. Печете во рерна на 180 степени 20-30 минути. Проверете со чепкалка дали тестото е печено.

Уживајте без грижа на совеста!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта