Царица на тортите: Милка торта полна чоколадо

Царица на тортите: Милка торта полна чоколадо

Направете Милка торта за сите сетила.

Состојки:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 210 гр. препечени лешници мелени
  • 3 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 12 жолчки
  • 200 гр. шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 3 кеси пудинг од ванила
  • 1 л. млеко
  • 200 гр. милка со лешници
  • 200 гр. милка
  • 250 гр. маргарин
  • 350 гр. шлаг
  • 350 гр. млеко за шлаг

Подготовка:

  1. Се матат за кора со миксер 4 белки во снег, па се додаваат 4 лажици шеќер, се мати додека не се стопи.
  2. Се ставаат 70 грама мелени лешници и 1 лажица брашно.
  3. Се обложува плех со хартија и се става смесата, па се пече на загреана рерна на 200 степени и се пече кора 5 минути.
  4. Истото се прави уште два пати, за да излезат три кори. Тоа значи уште два пати се мешаат по 4 белки со потребните состојки како за првата кора.
  5. За фил со миксер се матат 12 жолчки со шеќер и се матат додека смесата не побели.
  6. Се соединуваат 3 кеси пудинг со 3 лажици брашно и млеко.
  7. Се мати да нема грутки и остатокот од млекото се остава да врие, па се става пудингот.и жолчките.
  8. Се додаваат чоколадите милка да се стопат.
  9. Се мати маргаринот и се соединува со ладниот фил.
  10. Се мати шлаг со млеко.
  11. Се става кора со фил, па шлаг, кора фил, шлаг и пак кора фил и шлаг.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text