Меки како морска пена: Мини кифли со сирење (Видео)

Меки како морска пена: Мини кифли со сирење (Видео)

Супер брзи кифли кои мамат со својот мирис…

Состојки:

  • 2 рамни лажици сув квасец
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 700 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 120 мл масло
  • 3 јајца
  • 200 гр сирење
  • сусам
  • јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во топло млеко ставете квасец и шеќер. Измешајте. Потоа во тоа додајте брашно и останати состојки. Замесете меко тесто. Оставете го да отстои. 
  2. Кога убаво ќе се подигне премесете го тестото и истанчете го со сукало да биде тенко. 
  3. Исечете на ленти со ширина од 2 до 3 см. Потоа на должина 10 см така што ќе добиете правоаголници. Засечете ги правоаголниците на две три места, преку ставајте сирење и свиткајте кифли. Ставете ги кифлите во плех обложен со хартија за печење. 
  4. Загрејте ја рерната на 200 степени. Кифлите премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам, па ставете ги да се печат во загреана рерна.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Милица Михаиловиќ“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта