Рафаело коцки

Рафаело коцки

Направете вкусни и брзи рафаело коцки. Нема потреба од друга најава 🙂 

Состојки:

  • 80 мл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 150 гр. маргарин
  • 70 гр. бело чоколадо
  • 200 гр. млеко во прав
  • 100 гр. кокос
  • 70 гр. мелени лешници
  • 100 гр. бело чоколадо за глазура
  • 5 лажици млеко за глазура

Подготовка:

  1. Се мешаат водата со шеќер и се ставаат да вријат, па се варат околу 3 минути.
  2. Се додава маргарин со бело чоколадо и се меша, а откако ќе се стопи се трга од оган.
  3. Се додава млеко во прав и се мати со миксер се убаво.
  4. Се додаваат кокос и лешници и се меша.
  5. Се става и рамни смесата во подмачкан плех.
  6. Нека се стегне 10 минути, па прелијте со глазура од бело чоколадо со млеко растопени на оган.
  7. Додадете ако сакате декорација по избор.

 

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта