Шницли во сочен сафт од рерна: Месо кое се топи во уста

Шницли во сочен сафт од рерна: Месо кое се топи во уста

Сјаен избор за свечен ручек…

Состојки:

  • 500 гр свинско месо исечкано на шницли
  • масло
  • бибер
  • сув зачин
  • сол
  • кари
  • рузмарин
  • црвена пипер
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица презла
  • 3 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Шницлите добро исчукајте ги, посолете, побиберете и истријте ги малку со сув зачин. Лукот изгмечете го па додајте малку масло и премачкајте ги шницлите. 
  2. Брашното и презлата измешајте ги со пипер, па шницлите од двете страни провлечете ги низ мешавината од брашно и истапкајте ги со раце. 
  3. Тепсијата намачкајте ја со масло па наредете го месото. Прелијте со 200 мл вода, поклопете или ставете фолија и печете во рерна на 220 степени околу еден час, со повремено додавање вода.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо