Сочно месо со арома: Свински шницли со домати и пармезан

Сочно месо со арома: Свински шницли со домати и пармезан

Направете вкусен ручек со свинско.

Состојки:

  • 600 гр. свински шницли
  • 1 домат
  • 2 чешни лук
  • малку рузмарин
  • 4 лажици пармезан
  • 3 лажици масло
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се пржат шницлите на врело масло од двете страни околу пет минути.
  2. Се ставаат зачини и се редат во огноотпорен сад и се лупи доматот и ситно се сече, па се реди врз шницлите со ситнетиот лук.
  3. Се става и рузмарин.
  4. Се става од оваа мешавина на секоја шницла и се става пармезан.
  5. Се пече на загреана рерна на 200 степени 10 минути.
  6. Се служи топло.

 

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо