Пикантен гулаш со печурки

Пикантен гулаш со печурки

Подгответе пикантен гулаш со печурки…

Состојки:

  • 500 гр печурки
  • 300 гр свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • малку ловоров лист
  • 1 дл доматен сок
  • 2 лажици брашно
  • сол
  • бибер
  • 2 лажички мелена пиперка

Начин на подготовка:

  1. Пропржете ситно сечкан кромид на масло. Кога ќе стане стакласт, додајте пипер, сечкан морков и месо исечкано на коцки. Долијте чаша вода и динстајте околу половина час, па додајте исечкани печурки. 
  2. Зачинете по вкус. Кога печурките ќе пуштат вода, долијте уште малку вода и сок од домати. Пред крај измешајте брашно разматено со малку вода и оставете уште пет минути да крчка.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо