Евтино и вкусно: Брз новогодишен куглоф

Евтино и вкусно: Брз новогодишен куглоф

Готов е за 45 минути, вкусен е и брз, а доволен за 4 лица да се насладат од него.

Супер колач – куглоф.

Состојки:

  • 4 изрендани и излупени јаболки
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажиче ванила
  • ½ лажички сол
  • 2 лажички цимет
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја масло
  • 2 јајца

Подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180 степени и се премачкува калап за куглоф со масло и брашно.
  2. Се матат масло и јајца во сад со ванила, па се додава брашно и сода и цимет.
  3. Се меша убаво смесата.
  4. Се додаваат внимателно изренданите и излупени јаболки, па се става смесата во калапот и се пече 45 минути.
  5. Се става горе шеќер во прав по избор.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта