Брзи пекарски кифлички – ќе ви се најдат за слави и празници

Брзи пекарски кифлички – ќе ви се најдат за слави и празници

Направете брзи и вкусни кифлички.

Состојки:

  • 1 кесе квасец сув
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 кисела павлака
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. млеко
  • 600 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 јајце и сусам

Подготовка:

  1. Се загрева млекото да биде млако и се додаваат шеќер и квасец, па се меша да се активираат.
  2. Се става во друг сад брашно со прашок за пециво и сол, п се меша, па се става киселата павлака и масло.
  3. Се става оваа смеса во млеко со квасец и се меша.
  4. Се става тестото на работна маса, се меси и дели на два дела.
  5. Се развлекуваат и еден круг се сече на 16 делови.
  6. Секој се витка во кифличка, се редат на тепсија и се премачкуваат со јајце и со сусам.
  7. Се печат на загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси