Вкусно јадење за целото семејство: Мусака во бешамел сос

Вкусно јадење за целото семејство: Мусака во бешамел сос

Вкусно јадење кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 4 моркови
  • 1 тиквица
  • брокула

Состојки

  • 1,5 л млеко
  • густин
  • путер
  • зачин
  • сол
  • лук
  • пармезан
  • мускатно оревче
  • 2 домати

Начин на подготовка:

  1. На врел путер пропржете густин, па ставете го во загреано посолено млеко, во кое сте додале бел бибер и мускатно оревче. Мешајте додека не добиете фин кремаст бешамел сос. 
  2. Исчистениот зеленчук згответе го во солена вода. По готвењето оставете да се излади, а потоа наредете го во огноотпорен сад. Прво редете компири, потоа моркови, брокула, тиквица и на крај компири. 
  3. На крај рамномерно прелијте преку зеленчукот бешамел сос па на него изрендајте пармезан. Мусаката печете ја на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт