Едноставно и вкусно јадење…
Состојки:
- 1 кг компири
- 200 гр сирење
- 2 јајца
- 2 дл млеко
- 3 лажици кисела павлака
- 1/2 лажичка црвена пипер
- 1 лажичка ситно сечкан магдонос
- сол
- мелен бибер
- 2 лажици масло
- зачин
- куркума
Начин на подготовка:
- Компирите згответе ги, излупете ги и исечкајте ги на кругови. Ставете ги компирите во намастен плех, посолете и ставете малку мелен бибер.
- Измешајте сирење, јајца, млеко, кисела павлака, пипер, куркума, магдонос и масло. Оваа маса прелијте ја преку компирите и запечете додека не добие златножолта боја.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи