Обланди со крем бананчиња готови за 10 минути

Обланди со крем бананчиња готови за 10 минути

Направете колач кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 листови обланди
  • 8 крем банани

Состојки

  • 500 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Во сад растопете шеќер и вода, па кога тоа ќе зоврие додајте маргарин исечкан на коцки и искршено чоколадо. Сè убаво измешајте и почекајте да се растопи. 
  2. Тргнете од шпорет и додајте мелни бисквити и мелени ореви па оставете да се излади. 
  3. Земете обланди и намачкајте ги со подготвената смеса. Преку наредете крем бананчиња, притиснете ги малку од горе, додајте го другиот дел од смесата. Прекријте со друга обланда. 
  4. Од горе можете да украсите со чоколадо. 
  5. Притиснете со тежок предмет за обландата убаво да се залепи и соедини. Оставете да се излади од фрижидер и исечете по желба.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед