Пилешки гурмански ролни: Совршен ручек за целото семејство

Пилешки гурмански ролни: Совршен ручек за целото семејство

Гурмански пилешки ролни…

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 200 гр шунка
  • 200 гр сланина
  • 200 гр листови кашкавал
  • малку сенф
  • сол
  • бибер
  • 150 гр сушен колбас

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо исечете го на тенки шницли па добро исчукајте го помеѓу фолии, посолете и побиберете. На маса наредете 2-3 листови сланина, а преку ставете шницла. 
  2. Намачкајте со сенф, наредете листови шунка, потоа листови кашкавал и тенки кругови колбас. 
  3. Свиткајте заедно во ролна и редете во плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Како прилог ставете малку компири. 
  4. Печете на 220 степени околу 30 минути убаво да поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо