Брз колач кој не се пече: Црно бел ролат од кокос

Брз колач кој не се пече: Црно бел ролат од кокос

Направете одличен и вкусен ролат – брзо и лесно.

Состојки за темен дел:

  • 500 гр мелени бисквити
  • 250 гр шеќер во прав
  • 200 мл млеко
  • 100 гр чоколадо за готвење

Состојки за бел дел:

  • 200 гр кокос
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200 гр маргарин или путер
  • 50 гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

  1. За темниот дел, во сад ставете бисквити и шеќер во прав, соединете и додајте млеко, соединете па додајте растопено чоколадо. Потоа добро замесете, развлечете и на него ставете го белиот дел. 
  2. За белиот дел, во сад ставете кокос и шеќер во прав, соединете па додајте маргарин. Повторно соединете и додајте чоколадо, па добро замесете. 
  3. Прво замесете го белиот дел, а потоа темниот. Темниот дел веднаш развлечете го па на него распоредете го белиот дел и свиткајте.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Душкина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта