Посно: Бели кифли со џем и лешници

Посно: Бели кифли со џем и лешници

Кифлички без млеко и јајца полни со фил од џем, лешници или ореви. Одличен колач за посните денови!

Состојки:

  • 250 гр маргарин
  • 150 гр меко брашно
  • 150 гр оштро брашно
  • 1 лажица јаболков оцет или лимон
  • 5 лажици ладна вода
  • прстофат сол
  • 150 гр мелени печени лешници за фил
  • 150 гр џем за фил
  • 100 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот исечкајте го да биде полесно за месење (или оставете го на собна температура), додајте брашно, сол, оцет па замесете тесто. Додајте вода и продолжете да месите минута-две па оставете во фрижидер да отстои 20-30 минути. 
  2. Развлечете со сукало со дебелина од 2 мм, исечкајте квадратчиња од 5 см и на секое ставете лажичка фил. Преклопете како што е прикажано во видеото и печете на 180 степени околу 20 минути. Малку изладени извалкајте ги во шеќер во прав. Чувајте ги во кутија и до десетина дена.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко