Посен колач со чоколадо и кокос – лудило од добар вкус

Посен колач со чоколадо и кокос – лудило од добар вкус

Направете вкусен посен колач.

Состојки:

  • 30 лажици брашно
  • 20 лажици шеќер
  • 25 лажици масло
  • 35 лажици вода
  • 1 ½ прашок за пециво
  • 200 гр. кокос
  • 50 гр. какао
  • 50 гр. посно чоколадо
  • 1 дл. вода
  • 200 гр. маргарин
  • 150 гр. шеќер

Подготовка:

  1. Се меша брашното со прашок за пециво и се додаваат шеќер, масло и 35 лажици вода.
  2. Прво ставете ги маслото и водата, па потоа брашното.
  3. Се мати со миксер и се става смесата во плех, се пече на 180 степени 20 минути.
  4. Се проверува бисквитот со чепкалица.
  5. Се загрева на мала шерпа шеќер со какао и децилитар вода, па се ставаат чоколадо и маргарин кога шеќерот ќе се стопи.
  6. Се сече на коцки бисквитот и се прелива со глазурата, па горе му се става кокос.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text