Обланда колач со смокви – за посната трпеза за Свети Никола

Обланда колач со смокви – за посната трпеза за Свети Никола

Направете вкусни обланди за посната слава.

Состојки:

  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. мелени смокви
  • 250 гр. сечени ореви
  • 1 лист обланда

Подготовка:

  1. Шеќерот се меша со околу 1,5 децилитри вода на оган и кога ќе проврие се остава околу три минути и се трга.
  2. Се ставаат смоквите со оревите ситно сечени и се меша.
  3. Се премачкува обландата додека е топол филот.
  4. Може да ја пресечете на пола ако е голем листот, па се преклопува со другата половина.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта