Колач со гриз, крушки и карамел (Видео)

Колач со гриз, крушки и карамел (Видео)

Совршенство од вкусови…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер + 100 гр
  • 1 лажица рендано чоколадо
  • 100 гр гриз
  • 100 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 50 мл масло
  • 4-5 крушки
  • 1 коцка маргарин
  • 1 рака сечкани ореви
  • рум шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со 100 гр шеќер, додајте чоколадо, гриз, брашно со прашок за печиво, масло и сè добро изедначете. Во помало тенџере растопете 200 гр шеќер да се претвори во карамел па додајте маргарин и добро изедначете.
  2. Плехот обложете го со хартија за печење и ставете карамел. Крушките исчистете ги и поделете ги на половина и извадете ги семките. Наредете ги по карамелот свртени на долу. Помеѓу додајте уште малку овошје (може дуњи од слатко) и нафрлајте една рака крупно сечкани ореви. Од горе ставете разматено тесто и распоредете.
  3. Печете на 190 степени околу 35-40 минути, посипете со рум шеќер или разматен шлаг.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text