Карамелизирано овошје

Карамелизирано овошје

Едноставен и вкусен десерт…

Состојки:

  • 10 мали јаболка
  • 1 дл вода
  • 500 гр шеќер
  • 1 лажичка мед
  • 1/2 лажичка оцет
  • црвена боја за јадење
  • стапчиња за ражничи

Начин на подготовка:

  1. Добро исушете ги измиените јаболка, па набодете ги на стапчиња. Во тенџере ставете вода, шеќер, мед и оцет, па гответе на умерен оган додека шеќерот не се растопи.
  2. Додајте црвена боја и мешајте масата да се изедначи. Доколку сакате потемна црвена нијанса додајте повеќе боја. Потопете ги подготвените јаболка, едно по едно, во карамел сирупот, наредете ги во тепсија и оставете да се изладат.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта