Крем салата со зелка – нешто посебно за празниците

Крем салата со зелка – нешто посебно за празниците

Состојки:

  • 400 гр. зелка
  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 2 варени јајца
  • 1 морков
  • 100 гр. кашкавал
  • 200 гр. мајонез
  • магдонос, сол и бибер
  • 5-6 маслнки
  • 1 зелено јаболко

Направете вкусна зелка салата.

Подготовка:

  1. Се чисти зелката и се сече на тенки ленти, се става малку сол. Се лупи и јаболкото и крупно се ренда.
  2. Се мешаат.
  3. Се ренда кашкавалот, се трга малку од него за декорација, останатото се става во зелката, се варат јајцата, се сечат ситно и се додаваат.
  4. Се мешаат и сите други состојки, магдонос и зачини, ситно сечените краставица и моркови, лупениот и ситно сечен домат.
  5. Се става мајонез и се меша.
  6. Горе се става кашкавал и маслинки за декорација.

На здравје!

Повеќе ресепти на Gotvi.mk:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text