Кокос целувки со тајна состојка – ќе ги правите постојано (Видео)

Кокос целувки со тајна состојка – ќе ги правите постојано (Видео)

Многу едноставна подготовка…

Состојки:

  • 200 гр кокос
  • 60 гр младо неслано кремасто сирење
  • 140 гр шеќер
  • 4 белки
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • малку арома рум
  • прстофат сол
  • 120 гр црно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки и постепено додавајте сол, шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе добиете цврст снег, додајте сирење и матете со најмала брзина. Додајте кокос и рум и соединете со лажица или жица.
  2. Оставете малку да отстои. Загрејте ја рерната на 170 степени.
  3. Земете шприц, наполнете го и правете целувки на плех обложен со хартија за печење. Печете ги околу 20 минути и оставете да се изладат.
  4. Растопете црно чоколадо и потопете го дното на целувките и оставете ги во фрижидер да стегнат.

Послужете и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бригита“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text