Пилешки гради полнети со сувомеснато и пиперки

Пилешки гради полнети со сувомеснато и пиперки

Вкусен ручек од пилешко месо…

Состојки:

  • 1 кг пилешки гради
  • 6 пиперки
  • 1 шолја брашно
  • 250 гр сувомеснато по избор
  • 150 гр фета сирење
  • 100 мл бело вино
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го и исчукајте го тенко да добиете што поголема површина.
  2. Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги.
  3. На пилешките гради ставете сувомеснато, фета сирење и пиперки.
  4. Месото замотајте го и зацврстете го со чепкалки.
  5. Извалкајте го пилешкото во брашно и пржете го во тава на масло додека не порумени.
  6. Прелијте со вино и продолжете да крчкате додека пилешкото не биде готово.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт