Вистински домаќински: Стар рецепт за орев-ванила кифли (Видео)

Вистински домаќински: Стар рецепт за орев-ванила кифли (Видео)

По стар проверен рецепт, овие колачи им успеваат баш на сите.

Состојки:

  • 420 гр меко брашно
  • 250 гр путер или маргарин
  • 140 гр шеќер во прав
  • 200 гр мелени ореви
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 помали јајца
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете брашно, па маргаринот кој само неколку минути го држите на собна температура и соединете го добро со брашното, па додајте шеќер и ванилин шеќер. Измешајте, додајте ореви и јајца, па добро замесете го тестото и оставете го во студена просторија околу 20 минути и правете кифлички.
  2. Печете ги околу 15 минути на 180 стпеени, тоа зависи од печката и колку големи кифли правите, така што секогаш проверувајте.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Душкина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text