Деликатес: Компири полнети со пршута

Деликатес: Компири полнети со пршута

Направете супер брз оброк со компири.

Состојки:

  • 2 компири

  • 4 парчиња пршута

  • 1 кромид

  • 4 чешни лук

  • 4 јајца

  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се загрева рерната на 250 степени.
  2. Се боцкаат нелупените компири со виљушка неколку пати, па се ставаат во рерна и се печат 40 минути додека не омекнат.
  3. Се вадат и ладат, па се пржи на масло пршутата да биде крцкава, се става во тава со ситно сечени кромид и лук, како и зачини и се динста 5 минути.
  4. Исечете ги компирите по должина, извадете малку од средината, па и неа запржете ја на масло со кромидот и лукот. Од садот претходно извадете ја пршутата и ситно исечете ја.
  5. Ставете од смесата во компирите, па ставете едно јајце на секој компир, а горе пршута.
  6. Печете 15 минути на 220 степени за да крцкаат компирите.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

singlepost_text