Неодолив спој: Освежувачко овошје и кремаст фил – тирамису со мандарини

Неодолив спој: Освежувачко овошје и кремаст фил – тирамису со мандарини

Исклучителен спој на освежувачко овошје и кремаст фил.

Состојки:

  • 500 гр слатки мандарини од компот (конзерва)
  • 250 маскарпоне сирење
  • 40 гр ванилин шеќер
  • 200 мл сок од портокал
  • 250 мл слатка павлака
  • 200 гр пишкоти

Начин на подготовка:

  1. Мандарините процедете ги. Маскарпоне сирењето измешајте го со ванилин шеќер и 50 мл сок од портокал. Разматете павлака и додајте ја.
  2. Половина од пишкотите наредете ги на помал калап за тирамису, пропрскајте со малку сок и наредете две третини од мандарините. Премачкајте со половина од кремот. Наредете ги од горе останатите пишкоти, натопете со сок, наредете го остатокот од овошјето и премачкајте со останатиот крем. Израмнете го кремот, прекријте со фолија и изладете во фрижидер околу 2 часа.
  3. По желба, посипете рендано бело чоколадо или мелени лешници.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта