Зимска слатка магија: Совршен чоколаден куглоф

Зимска слатка магија: Совршен чоколаден куглоф

Највкусниот зимски десерт кој одлично оди со шолја јако црно кафе.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 250 гр маргарин
  • 250 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 250 гр меко брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 5 лажици млеко
  • 250 гр ореви
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Во сад разматете маргарин, ванилин шеќер, шеќер и јајца. Потоа брашното измешајте го со прашок за печиво и додајте го во смесата.
  2. Потоа постепено додавајте млеко. Оревите сомелете ги и растопете чоколадо, па додајте во смесата. Ставете во калап за куглоф и печете во рерна околу еден час на 180 степени.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед