Брзи топчиња со сирење

Брзи топчиња со сирење

Вкусна идеја за појадок која веднаш можете да ја искористите.

Состојки:

  • 400 гр. кисело млеко
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажиче сол
  • 200 гр. сирење
  • 500 гр. брашно
  • маргарин

Подготовка:

  1. Се оставаат сите состојки на собна температура еден час.
  2. Се става во длабок сад киселото млеко и содата, па се чека малку да надојде, се додава сол и сирење изрендано.
  3. Се става брашно постепено и се престанува со месење кога тестото ќе престане да се лепи.
  4. Се прават топчиња со големина на јајце и се редат малку подалеку едно од друго во плех подмачкан со маргарин.
  5. Се прави мала вдлабнатина во секој круг и се става маргарин.
  6. Се печат на 180 степени додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси