Омега намаз

Омега намаз

Брз намаз кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица ленено семе
  • 3 лажици младо сирење
  • 2 лажици јогурт
  • неколку маслинки без коски
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Семките сусам кратко пропржете ги на загреана тава. Исчукајте ги лесно да пуштат арома. Истото направете го со лененото семе, само користете поклоп.
  2. Изблендирајте заедно сирење, јогурт, семки, исечкани маслини, малку посолете и побиберете и кратко изблендирајте да добиете фина смеса.
  3. Намазот послужете го на печен леб, туна, крекери или лесна салата.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text