Посебен деликатес: Ќофтиња од праз

Посебен деликатес: Ќофтиња од праз

Направете едно посебно јадење, ќофтиња од праз.

Состојки:

  • ¾ кг. праз
  • ½ кг. ориз
  • 6 главици кромид
  • магдонос, бибер и сол

Подготовка:

  1. Се чисти празот, се тргаат зелените листови и се обарува кратко во солена вода, па се сече ситно.
  2. Се става масло во длабока шерпа, се сече ситно кромидот, се пржи и се става малку сечен магдонос, па се става и ситно сечениот праз, сол и бибер, се пржи и се трга од шпорет.
  3. Се прават мали топчиња од смесата, се валкаат во брашно и се пржат на врело масло.
  4. Се сече ситно кромидот кој остана, петте главици и се пржат на масло, се става измиениот ориз и сол и бибер.
  5. Се става во плех оризот, преку него топчињата и се става масло, па малку топла вода.
  6. Се пече во рерна на 200 степени додека не омекне оризот.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо