Посна чорба од ослич

Посна чорба од ослич

Идеално решение за време на пост…

Состојки:

  • 500 гр ослич
  • кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3 моркови
  • малку корен целер
  • тиквица
  • 2 домати
  • 1/2 лута пиперка
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • босилек
  • веза магдонос

Начин на подготовка:

  1. Згответе ослич во малку посолена вода во која сте додале босилек. Извадете и изладете, а водата процедете ја. Изладениот ослич исчистете го од коски. Исчистете го зеленчукот. Кромидот и магдоносот исечкајте ги, а морковот, целерот и тиквицата изрендајте ги.
  2. На малку маслиново масло пропржете кромид додека не стане стакласт. Додајте лук, морков и целер, кратко пропржете, па додајте ја водата во која се готвел осличот. Гответе на слаб оган десет минути. Додајте рендана тиквица, исечкани домати, лута пиперка и магдонос. Во чорбата измешајте парчиња ослич и гответе уште неколку минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт