Пита со тиква – готова за половина час

Пита со тиква – готова за половина час

Направете пита богата со тиква.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 700 гр. тиква
  • 100 гр. урми
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја мелени ореви
  • 125 гр. маргарин
  • цимет по вкус

Подготовка:

  1. Се ренда ситно тиквата и се топи маргаринот, се става хартија на сад за печење и се премачкува со малку маргарин, се сечат урмите ситно.
  2. Се шират корите и се зема една, се премачкува со маргарин и се става друга кора над неа. Се става тиква, шеќер, цимет, ореви и урми и се става од смесата.
  3. Се прави ролат, се прави вака со сите кори.
  4. Се мачка питата со маргарин и се става малку шеќер.
  5. Се загрева рерната на 170 степени и се става питата, се пече додека не добие златна боја, 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед