Кремаст сос и сочно месо – гулаш на руски начин

Кремаст сос и сочно месо – гулаш на руски начин

Овој руски гулаш ќе ве воодушеви – меко месо во кремаст сос кој се топи во уста…

Состојки:

  • 800 гр јунешко филе
  • 100 гр остро брашно
  • 80 гр свинска маст
  • 80 гр кисели краставички
  • млад кромид
  • 80 гр шампињони
  • 80 мл бело вино
  • 200 мл павлака за готвење
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 1 лажичка сенф
  • сол
  • 3 гранчиња свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на ленти со должина од 5 и дебелина од 1 см, посолете, извалкајте во брашно, печете во тава од сите страни и оставете ги на страна.
  2. Во тава додајте сечкан кромид, пропржете го, додајте шампињони исечкани на листови, продолжете со пржење, потоа додајте сенф, измешајте и налијте вода.
  3. Гответе додека виното не испари, па додајте павлака за готвење и сечкани кисели краставички. Вратете го месото, кратко згответе, тргнете од оган и на крај додајте и кисела павлака. Добро измешајте.
  4. Посипете со сечкан магдонос и послужете со варен ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо