Пита ролнички со праз – вкусно и брзо

Пита ролнички со праз – вкусно и брзо

Направете вкусни пити ролнички со праз.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 1 струк праз
  • 1 шолја масло
  • 100 гр. сирење
  • 125 гр. маргарин
  • 1 шолја вода
  • сол

 

Подготовка:

  1. Се чисти и се сече празот, се динста со постојано мешање со половина од маслото и сол, па се лади, а потоа се меша со ронетото сирење.
  2. Се сече на делови маргаринот и се прелива со врела вода, се додава другата половина масло и се меша.
  3. Се земаат по две кори и се премачкува првата со смесата со маргарин и масло, па се става другата кора над неа а на неа пак смесата, па фил и се прави ролничка.
  4. Така се прави со сите кори.
  5. Се редат на плех подмачкан со маргарин и се печат на 180 степени на загреана рерна додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text