Туна тортиљи

Туна тортиљи

Вкусно и едноставно јадење!

Состојки:

  • 1 конзерва Тимко туна
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 пиперка
  • 1/2 конзерва грав или леблебија
  • 1/2 конзерва пченка
  • 6 лажици доматен сос
  • сол
  • бибер
  • чили
  • магдонос
  • тортиљи
  • зелена салата
  • рендано сирење

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го па динстајте го на масло. Додајте пиперка исечкана на резанки и лук. Динстајте десетина минути. Додајте туна, грав и пченка. Гответе уште пет минути па тргнете од оган.
  2. Тортиљите лесно загрејте ги на тава, наполнете ги со фил од туна, додајте рендано сирење и зелена салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт