Здрава чорба од прокељ: Најубавото јадење за студените денови (Видео)

Здрава чорба од прокељ: Најубавото јадење за студените денови (Видео)

Вкусна чорба полна со витамини.

Состојки:

  • 200 гр прокељ
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 1 корен целер
  • 2-3 компири
  • 1 корен пашканат
  • 1 зелена пиперка
  • масло
  • сув зачин
  • бибер
  • мелена црвена пипер
  • 1 шолја тестенини
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид и зелена пиперка, потоа додајте на кругови исечкан морков, па целиот зеленчук и на крај прокељ.
  2. Додајте црвена пипер и зачини и гответе околу 40 минути.
  3. Додајте тестенини и гответе уште неколку минути.
  4. На крај додајте листови магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт