Брза пита од 4 состојки – појадок, ручек или вечера

Брза пита од 4 состојки – појадок, ручек или вечера

Ви требаат 20 минути за највкусни пити за појадок, мезе или вечера.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 100 гр. сирење
  • 50 гр. кашкавал
  • 2 јајца

Подготовка:

  1. Се матат во чинија јајцата, па се тргаат на страна.
  2. Се рони сирењето во чинија и тоа се трга на страна.
  3. Се ренда кашкавалот и се става во посебен сад.
  4. Се зема една кора и се премачкува со јајцата, се става сирење и кашкавал. Земете две кори ставете ги над оваа малку згужвани. Ставете јајца, сирење и кашкавал.
  5. Се ставаат во тепсија со хартија за печење.
  6. Повторно се става кора, се мачка со јајца и сирење и кашкавал, па две кори и јајца со сирење и кашкавал, додека има кори и смеса и се редат една на друга.
  7. Горе се премачкува со јајца и се пече на 180 степени додека не порумени.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта