Еве како се прави вистинска италијанска Маргарита

Еве како се прави вистинска италијанска Маргарита

Класика на италијанската гастрономија… Вистинско богатство од медитерански ароми.

Состојки за тесто:

  • 1/2 коцка квасец
  • 250 гр брашно
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол

Состојки

  • 700 гр домати
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица доматно пире
  • 1/2 лажичка оригано
  • 300 гр моцарела
  • 2 лажици крупно сечкан босилек

Начин на подготовка:

  1. Издробете квасец и измешајте го со 125 мл топла вода. Оставете го да отстои 15 минути. Измешајте го квасецот со брашно, масло и лажичка сол. Тестото оставете го на топло место околу 45 минути. 
  2. Сите домати, освен еден, излупете ги и исечете ги на коцки. Исечкајте кромид и лук, па пропржете ги на лажичка масло. Додајте ги доматите и доматното пире, гответе 15 минути. Додајте оригано, сол и бибер по вкус. Останатиот домат исечкајте го на кругови, како и моцарелата. 
  3. Загрејте ја рерната на 220 степени, кратко замесете го тестото, обликувајте голема пица (пречник 24 см), па поставете ја на намастен плех. Премачкајте ја со сос, наредете ги круговите домат и моцарела, прелијте со лажица масло и печете 25 минути. Посипете со босилек.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text