Новогодишни колачиња – вкусни се и стојат една недела

Новогодишни колачиња – вкусни се и стојат една недела

Направете вкусни божиќни и новогодишни колачиња со портокал.

Состојки:

  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. шеќер
  • 450 гр. брашно
  • 1 кесе прашок за пециво
  • 2 кеси ванила
  • 1 кора од портокал
  • 4 жолчки
  • 1 лажица сок од портокал

Подготовка:

  1. Се мати маргаринот со шеќер и се додаваат во кремот жолчките една по една.
  2. Се мати додека смесата не се изедначи и се става изрендана кора од портокал, ванила и сок од портокал.
  3. Се става брашното измешано со прашок за пециво со мешање.
  4. Се меси и со рака тестото, се дели на два дела и се виткаат во фолија, па се ставаат малку во ладилник.
  5. Се зема едниот дел од тестото и се развлекува кора, се вадат форми по избор со модли и калапи, се редат на плех со хартија и се печат на 180 степени 10 минути.
  6. Се прави така и со второто тесто.
  7. Се ладат колачите и се украсуваат по избор.
  8. Може да ги украсите со шеќерно тесто.
  9. Се чуваат и до 7 дена во добро затворена кутија.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед